Кодекс на однесување и етика
за добавувачи
Нашиот Кодекс на однесување и етика за добавувачи ја дава работната рамка за успех при работење со Magna или со подредени добавувачи со кои соработувате за да ја услужите Magna.
Тој е составен дел од нашиот севкупен договорен однос со вас и важно е да го разберете и да го почитувате.
Поттикнување интегритет
во деловните зделки
Поттикнување интегритет
на работното место
Поттикнување интегритет
преку нашите дејства
Поттикнување интегритет
со добра комуникација
Поттикнување интегритет
во деловните зделки
Во Magna, поставуваме високи етички стандарди за себе и за нашите добавувачи.
Добавувачите, консултантите, независните изведувачи, застапниците на Magna или која било друга трета страна ангажирана да спроведе какво било дејство во наше име („добавувачи“) мора секогаш да дејствуваат со интегритет со почитување на словото и духот на законите, прописите, стандардите (заедно, „закони“) и политиките на Magna што важат за нив, без разлика на нивното седиште. Тие, пак, треба да бараат и нивните сопствени добавувачи да ги почитуваат барањата од овој Кодекс.
Барањата од овој Кодекс се дополнување на барањата наведени во кој било договор или друг збир на одредби и услови што се однесуваат на вашиот деловен однос со Magna.
Иако законите што важат за нашите добавувачи се многубројни и се разликуваат во зависност од јурисдикцијата, некои важни принципи што мора да се следат вклучуваат:
Антимонополски закони и закони за конкуренција
Се натпреваруваме жестоко, но ја почитуваме слободната и праведната конкуренција. Го очекуваме истото и од нашите добавувачи.
Добавувачите мора да ги почитуваат сите важечки антимонополски закони и закони за конкуренција и не смеат да бидат дел од дејства што несоодветно ја намалуваат конкурентноста. Примери за такви забранети дејства вклучуваат договарање со конкуренти за фиксирање на цените, одредување попусти или услови на продажбата, ограничување на производството, поделбата на пазарите, распределба на клиенти, координирање на активностите за наддавање, бојкот на клиентите и добавувачите, фиксна компензација на вработени или воздржување од ангажирање вработени на конкурентот. Во некои јурисдикции, обичната размена на чувствителни комерцијални информации е нелегална.
Прочитајте ја Политиката за антимонопол и конкуренција на Magna.
Добавувачите на Magna мора секогаш да дејствуваат со интегритет со почитување на словото и духот на законите и политиките на Magna што важат за нив, без разлика на нивното седиште.
Закони за спречување корупција и поткуп
Нашите добавувачи мора да ги следат сите важечки закони што забрануваат давање нешто од вредност на кое било лице или субјект за да се добие несоодветна деловна предност, како и законите што бараат водење точно книговодство и записи.
Добавувачите мора да ги следат законите за спречување корупција и поткуп во сите случаи и мора да бидат особено внимателни кога комуницираат со владини претставници.
Без оглед на конкретните закони или воспоставените деловни практики на која било одредена јурисдикција во која работиме ние или нашите добавувачи, Magna забранува да се вршат „плаќања за олеснување“ или „плаќања за подмачкување“ (т.е. плаќања кои вклучуваат мали суми на државни службеници од ниско ниво за да добијат рутински услуги на кои, инаку, некое лице или компанија би имало законско право. Еден пример вклучува плаќање за забрзување на приклучокот за телефон или комунални услуги).
Подароци и забава
Секој подарок или забава понуден на вработен во Magna за да поттикне или несоодветно да влијае на деловна одлука (на пр. доделување бизнис на добавувачот, нудење поволни услови) е строго забранет. Ако сакате да му дадете подарок или да обезбедите забава за вработен во Magna, тоа мора да биде разумно, да се дава само повремено и со скромна вредност.
За возврат, им забрануваме на вработените во Magna да бараат подароци и забава од добавувачите. Ако вработен во Magna ви побара подарок или забава, треба веднаш да го пријавите тоа (видете „Пријавување сомненија“, подолу).
Санкции и закони за контрола на извозот
Очекуваме нашите добавувачи да ги почитуваат сите важечки закони за контрола на извозот, како и законите што забрануваат или ограничуваат деловни односи со санкционирани земји, субјекти, лица или индустриски сектори.
Прочитајте ја Политиката на Magna за санкции и трговски ембарга.
Набавување материјали од области на конфликт
Како јавна компанија чии акции се котирани на берзата во Соединетите Американски Држави, законот на САД од нас бара.
да ја следиме и откриеме нашата употреба на минерали како што се злато, калај, волфрам, тантал или други проширени минерали дефинирани со Иницијативата за одговорни минерали, со потекло во голем број назначени земји.
Кога ќе биде побарано, нашите добавувачи мора да обезбедат податоци и извештаи користејќи дефинирана алатка и структура за известување, во формата што ја бараме, во врска со нивната употреба на таквите минерали во нивните производи. Покрај тоа, може да се бара од добавувачите да побараат слични информации од нивните добавувачи за да го утврдат потеклото на таквите минерали и да ни ги достават своите наоди.
Driving Integrity
Know it. Speak it. Live it.
- Добавувачите треба да ги знаат законите што важат за нив и да ги следат словото и духот на таквите закони
- Добавувачите не смеат да се договараат со конкурентите за да ја ограничат конкуренцијата
- На добавувачите им е строго забрането да нудат поткуп на владини службеници
- Добавувачите не смеат да ги прекршуваат санкциите и законите за контрола на извозот
- Добавувачите мора да соработуваат со Magna при идентификувањето на изворот на одредени минерали што се користат
Поттикнување интегритет
на работното место
Праведноста, инклузивноста, безбедноста и одржливоста се вредности што ни се битни во Magna и кои се стремиме да ги постигнеме во нашето работење. Го очекуваме истото и од нашите добавувачи.
Почитување на етичките стандарди на трудот и човековите права
Magna е посветена на почитување на сите важечки закони за труд, вработување и човекови права и ја бараме истата посветеност од нашите добавувачи.
Magna е посветена на етичкиот третман на сите работници и се придржуваме до стандардите за труд и вработување што се во согласност со Основните конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН). Бараме од сите добавувачи да имаат воспоставено слични стандарди што ги почитуваат својствените достоинство и почит за сите работници.
Посветеност на праведни работни услови
Нашите добавувачи мора да ги следат важечките закони за стандардите за вработување, вклучувајќи (без ограничување) минимални плати, придонеси, прекувремена работа, работно време, време за пауза и слободни денови, одмор и законски потребни отсуства. Од добавувачите се бара да обезбедат безбедни и хумани работни услови што на работниците ќе им обезбедат соодветна рамнотежа помеѓу работата и животот.
Забрана за употреба на принуден и детски труд
На нашите добавувачи никогаш не им е дозволено да користат принудна или задолжителна работа. Сите вработувања мора да бидат доброволни и слободно избрани, без прибегнување кон облици на модерно ропство, ограничувања на движењето или личната слобода или облици на должничко ропство. На добавувачите, исто така, им е забрането да користат малолетна работна сила, како што е дефинирано со важечките закони и упатствата на МОТ, освен кога млади работници се вработени како дел од консензуална програма за обука или стажирање одобрено од владата што е во полза на образовниот развој на учесниците.
Слобода на здружување
Добавувачите исто така треба да ја почитуваат слободата на здружување на вработените и/или правото да не се здружуваат, почитувајќи дека сите работници имаат право на личен избор во однос на прашањето за здружување и собирање, вклучително и дали сакаат да се придружат во синдикати или работнички совети, во согласност со локалните закони.
Вознемирување и дискриминација
Политиките на Magna се ускладени со барањата на важечките закони за човекови права. Очекуваме добавувачите да ги забранат сите форми на вознемирување и дискриминација спротивни на законски заштитените лични карактеристики и да развијат цврсти процедури за обука, жалби и истражни постапки за проактивно решавање и отстранување на овие прашања.
Праведна и недискриминирачка компензација
Слично на тоа, очекуваме добавувачите да им обезбедат на вработените разумен животен стандард што ги исполнува или надминува важечките закони за минимална плата, способен да ги исполни основните животни потреби, притоа користејќи правични практики за компензација што обезбедуваат недискриминирачки третман на сите вработени. Програмите за компензација треба да се засноваат на објективни и конкурентни критериуми, без оглед на личните карактеристики заштитени со закон.
Одоговорно користење на безбедносните сили
Magna користи услуги поврзани со безбедноста за целите на заштита на своите луѓе и имот. Ги почитуваме и се придржуваме до важечките стандарди на МОТ и глобалните закони за синџирот на снабдување за одговорното користење на персоналот поврзан со безбедноста на начин што ги почитува, унапредува и штити безбедноста и личните права на работниците. Бараме од нашите добавувачи да воспостават слични протоколи за заштита на својствените права на работниците во синџирот на снабдување.
Magna е посветена на почитување на сите важечки закони за човекови права и ја бараме истата посветеност од нашите добавувачи.
Различност и инклузија
Со капацитети и операции ширум светот, Magna се занимава со широк спектар на луѓе и култури и го препознаваме тоа како конкурентна предност за нашиот бизнис. Затоа очекуваме нашите добавувачи да забранат вознемирување и дискриминација на работното место врз основа на возраст, пол, раса, етничка припадност, боја, физички карактеристики, националност или национално потекло, разлика во јазикот, религија, сексуална ориентација или родов идентитет, семеен или брачен статус, физички, ментална или развојна способност, социоекономски статус или која било друга лична карактеристика заштитена со закон.
Веруваме дека поголемата разновидност на добавувачи помага во промовирање поширок опсег на перспективи, поттикнувајќи повеќе решенија и поголем успех за целата наша организација. Magna ги охрабрува сите добавувачи да се приклучат во унапредувањето на различноста и инклузијата. Како поддршка на овој напор, од добавувачите ќе се бара да ги споделат бараните информации релевантни за нивните програми, иницијативи и достигнувања за различност и инклузија. Собирањето на таквите информации ќе го врши Magna директно или трето лице што дејствува во наше име. Исто така, од добавувачите се бара да одговорат на секое истражување или ревизија на оваа тема.
Driving Integrity
Know it. Speak it. Live it.
- Добавувачите мора да ги почитуваат правата на своите вработени. Особено, тие мора да избегнуваат употреба на принуден и детски труд.
- Добавувачите мора да воспостават праведни и недискриминирачки работни услови во согласност со важечките закони за стандардите за вработување.
- Од добавувачите се очекува да забранат вознемирување на работното место, како и несоодветна дискриминација и истовремено да обезбедат усогласени процедури дизајнирани да ги отстранат овие проблеми.
- Добавувачите мора да одржуваат безбедно и здраво работно место за своите вработени.
Здравје и безбедност
Нашите добавувачи мора да ги почитуваат сите важечки закони за здравје и безбедност. Ова ја вклучува должноста да се одржува безбедно и здраво работно место со пристап до лична заштитна опрема за вработените и да има постапка за справување со повреди за кои е потребен медицински третман. Magna ги охрабрува добавувачите да постигнат сертификација според стандардите ISO 45001 за здравје и безбедност при работа или кој било понов стандард.
Еколошка одговорност
Посветени сме на еколошка одговорност. Очекуваме нашите добавувачи да ги исполнат или надминат важечките закони и прописи за животната средина и да бидат посветени на минимизирање на влијанието на нивното работење врз животната средина.
Добавувачите треба редовно да го проценуваат и следат влијанието на нивните деловни активности врз животната средина, да управуваат со ресурси (вклучувајќи енергија и вода) и да ја намалат нивната употреба, да го минимизираат отпадот и емисиите, да рециклираат материјали во секоја фаза од животниот циклус на производот и да го намалат влијанието врз животната средина преку дизајн и иновации.
Охрабруваме добивање сертификат за стандардот за животна средина ISO 14001 и стандардот за управување со енергија ISO 50001 (или кој било понов стандард). Супстанциите што очекуваме да бидат присутни во материјалите од нашите добавувачи мора да ги почитуваат сите хемиски барања, т.е. REACH (регистрација, евалуација, авторизација и забрана на хемикалии) и TSCA (закон за контрола на токсични супстанции).
Прочитајте ја Политиката на Magna за здравје, безбедност и животна средина.
Одржливост и декарбонизација
Magna се стреми да обезбеди одржлива иднина преку стремеж да развие синџир на снабдување со низок јаглерод и зголемување на транспарентноста и општествената одговорност во нашиот синџир на снабдување. Од добавувачите на Magna се очекува да учествуваат во овој потфат и да помогнат во подобрувањето на видливоста и длабинската анализа на сите нивоа од синџирот на снабдување.
Ова учество треба да биде усогласено со приоритетите и активностите на Magna во областите вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: декарбонизација и зачувување на енергијата, минимизирање на отпадот, минимизирање на потрошувачката на вода и деградација на квалитетот на водата, заштита на земјиштето и зачувување на шумите, управување со видовите и биодиверзитетот, почитување на автохтоните права и забрана за присилно одземање/незаконско иселување од имот.
Magna ги охрабрува сите добавувачи да учествуваат во намалувањето на нивниот јаглероден отпечаток. За поддршка на оваа иницијатива, од добавувачите ќе се бара да ги споделат бараните податоци релевантни за нивните емисии на јаглерод, како и оние од нивниот синџир на снабдување. Овие податоци ќе ги собира Magna директно или трето лице што дејствува во наше име. Исто така, добавувачите мора да одговорат на секое истражување или ревизија на оваа тема.
Од добавувачите, исто така, се очекува да воспостават патека за декарбонизација и да ги споделат своите цели и целокупната стратегија со Magna. Овие програми и патокази гарантираат дека колективно напредуваме кон нашите цели, ги намалуваме поврзаните ризици и ги исполнуваме барањата на акционерите.
Поттикнување интегритет
преку нашите дејства
Од нашите вработени се бара секој ден да го демонстрираат својот интегритет преку своите постапки. Од нив се бара и да кажат доколку дознаат за ситуација во која некој можеби не ги исполнил нашите етички стандарди. Нашите добавувачи се обврзани да го сторат истото доколку дознаат за прекршување на овој Кодекс.
Конфликти на интереси
За да се осигуриме дека односите со нашите деловни партнери се засноваат на интегритет и здраво деловно расудување, бараме од нашите вработени навремено да откриваат конфликти на интереси. Слично на тоа, очекуваме секој добавувач веднаш да нѐ извести доколку има семеен или друг близок личен однос со вработениот во Magna кој донесува или влијае врз деловна одлука што може да биде од корист за добавувачот.
Заштита на информациите и интелектуалната сопственост на Magna
Како добавувач, Magna или нејзините деловни партнери (вклучувајќи ги и клиентите на Magna) може да ви обезбедат или да ви дадат пристап до интелектуална сопственост, доверливи или лични информации („Информации“).
Добавувачите мора да ги чуваат во тајност и да не ги откриваат на ниедно лице (вклучително и друг персонал на Magna), компанија или организација, Информациите што ѝ припаѓаат на Magna или клиентите, вработените или деловните партнери на Magna, освен онаму каде што: постои легитимна „потреба да се знае“ во врска со соодветната деловна цел, а соодветните договори за доверливост се потпишани пред откривањето. Понатаму, нашите добавувачи, нивните вработени и нивните сопствени добавувачи, мора да ракуваат и обработуваат информации во согласност со важечките закони и спогодбени договори со Magna.
Ја потврдувате потребата да се одржуваат и спроведуваат соодветни безбедносни и процедури за физичка сигурност во врска со пристапот и одржувањето на таквите информации, осигурувајќи дека тие:
- се барем еднакви со индустриските стандарди за такви типови информации; и
- обезбедуваат разумно соодветни технички и организациски заштитни мерки против случајно или незаконско уништување, губење, промена или неовластено откривање или пристап до информации.
Дополнително, никогаш не смеете да продавате такви информации, никогаш не откривајте ги без согласност на Magna, користете ги информациите исклучиво за обезбедување производи и/или услуги на Magna и веднаш да враќајте ги или уништувајте ги информациите кога ќе заврши нашиот деловен однос (или кога веќе не се потребни). За повеќе детали, погледнете ги Условите и одредбите на вашиот договор со Magna и секој договор за неоткривање што можеби сте го потпишале.
Доколку дознаете дека се откриени доверливи или лични информации на Magna, нејзините вработени или деловни партнери (вклучувајќи ги и нејзините клиенти) – или дека се прекршени правата на интелектуална сопственост на Magna – мора веднаш да го известите вашето примарно лице за контакт во Magna.
Поттикнување интегритет
со добра комуникација
Како добавувач на Magna, бараме да ги поддржувате вредностите на чесност и интегритет вградени во овој Кодекс. Конкретно, истакнуваме дека прекршувањето на одредени елементи од овој Кодекс е прекршување на законот во јурисдикциите во кои работиме. Magna не толерира никакви прекршувања на законот од страна на своите добавувачи.
Пријавување сомненија и непостоење одмазда
Бараме од вас да преземете чекори и да се погрижите дека вашите вработени ќе го разберат овој Кодекс и ќе ги почитуваат неговите барања. Очекуваме нашите добавувачи и нивните вработени веднаш да пријават во случај да дознаат за прекршување на законот или овој Кодекс (додека работат за Magna), било од самиот добавувач или од вработените во Magna.
Секогаш можете да пријавите кај вработениот во Magna кој е вашиот примарен контакт, член на тимот за Усогласеност на Magna или преку линијата за пријавување на Magna, достапна на magnahotline.com. Пријавите преку Линијата за помош може да се извршат анонимно (каде што е легално дозволено).
Во зависност од околностите, Magna може да преземе низа активности доколку добавувачот не го почитува овој Кодекс, на пример, со суспендирање на работата со добавувачот додека не се спроведат корективни мерки или со прекинување на деловниот однос со добавувачот.
Барања за управување со ризик за добавувачи
Повремено, може да ви бидат побарани (по пат на анкета, ревизија или преглед) информации за вашето деловно работење (на пр. информации за управувањето со компанијата, синџирот на снабдување, работните услови и човековите права, одговорното набавување суровини, финансиските резултати, кибербезбедноста итн.) од тимот за управување со ризик за добавувачи на Magna (или трета страна која дејствува во нивно име). Бараме од вас да одговорите навремено и целосно на таквите барања. Вашиот одговор може да резултира со потребата да имплементирате корективен план на дејства што треба да се заврши во разумен временски период определен од Magna.
Конфликти со други барања
Во случај кога некое барање во овој документ е во спротивност со некое од Барањата за глобалниот синџир на снабдување на Magna или кои било други барања на добавувачите на Magna (на пр. според кој било договор меѓу вас и Magna), ќе имаат предност барањата од овој документ.
Driving Integrity
Know it. Speak it. Live it.
- Вработените на добавувачите мора да бидат запознаени со овој Кодекс и да ги почитуваат неговите услови.
- Добавувачите мора да пријават доколку дознаат за прекршување на овој Кодекс или на законот.
- На добавувачите им е забрането да се одмаздуваат против секој вработен кој покренува сомнение за усогласеност со добра волја.
Поддршка од експерти за правна усогласеност
Доколку имате прашања во врска со барањата на овој Кодекс на однесување и етика за добавувачи, треба да го контактирате вашиот примарен контакт во Magna. Исто така, може да ги упатите вашите прашања во Одделот за етичка и правна усогласеност на Magna.
Effective Date: January 1, 2017
Last Reviewed: April 3, 2024
Next Review Date: Q2, 2027
Issued by: Ethics and Legal Compliance
Approved by: Magna Compliance Council
magna.com